Отворен прв кафе бар каде што се служи на знаковен јазик

Кафе барот е  отворен со поддршка на Оперативниот план за вработување со грант  од 10.000 евра.

919

„О2 MR Coffee Bar“ е првиот кафе бар во Скопје во кој кафињата и пијалоците се служат на толковен јазик.

Кафе барот е  отворен со поддршка на Оперативниот план за вработување наменет за самовработување. За отворањето на барот, сопствениците добија грант  од 10.000 евра неповратни пари.






Сопствениците на барот се лица со оштетен слух.

Преку Оперативниот план за вработување изминатите неколку години се цзапочнати над  220  бизниси започнати од страна на лица со попреченост.Годинава се очекува преку мерката за субвенционирање да се вработат над 300 лица со попреченост.

Кафе барот денеска го посети и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Поврзани содржини