ОТВОРЕН ПАРКОТ „23 ОКТОМВРИ“ ВО АЕРОДРОМ Катчето за рекреација се протега на 2.300 квадрати

344

Заврши реализацијата на уште еден проект во Аеродром кој ќе понуди нови содржини.

Со садење зелени садници, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, официјално го пуштија во употреба новиот парк „23 Октомври“ лоциран во Стар Аеродром.






Благодарение на заложбите на Општина Аеродром и поддршката од општествено-одговорна компанија, аеродромци добија уште една зелена површина на простор од 2.300 квадратни метри, целосно партерно уредена, со ново осветлување, со постоечко и ново зеленило, како и современи реквизи и урбана опрема за забава и рекреација.

Градоначалникот Муцунски за почетокот на есента најави реализација на нови инвестиции на неколку локации во Аеродром и се заблагодари за поддршката и соработката на сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект.

– Се радувам и се гордеам со ваквите проекти затоа што со нив создаваме урбани површини што ќе траат долго и ќе бидат полни со живот. Активностите за позелен и поубав Аеродром не застануваат тука, а почетокот на есента ќе го одбележиме со уште неколку зелени и спортски катчиња на неколку локации низ општината – истакна Муцунски во својата објава на Фејсбук.

Поврзани содржини