ОТВОРЕН НОВ КАМ ВО „ЛЕПТОКАРИЈА“ Уживајте во прегледно пазарување и во богатиот асортиман
Маркетот е распространет на вкупна површина од 852m², со повеќе од 30 паркинг места.
Започна со работа новиот КАМ маркет во трговскиот центар „Лептокарија“, Карпош 3, во Скопје.
Маркетот е распространет на вкупна површина од 852m², со повеќе од 30 паркинг места.
– Дојдете и уживајте во брзо и лесно пазарување со прегледен распоред и богат асортиман на: свежи месни и млечни производи, топли и крцкави печива, печено пиле, богата понуда на овошје и зеленчук, широка палета на хемиски производи и пијалаци – велат од трговскиот синџир.
Сѐ што ви е потребно ќе пронајдете на едно место!
– Отворањето го одбележавме со специјални попусти и промоции, дегустација на нашите производи, како и тркало на среќата. Повелете, ве очекуваме во новиот КАМ маркет – повикуваат од маркетот.