Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на Друштвото на писатели

712

Друштвото на писатели на Македонија го отвора Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања во календарската година –  наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите.

„Право на учество на конкурсот имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2020г.) во овие категории. Примероците може да ги достават во канцеларијата на ДПМ , но поради состојбата со пандемијата на ковид-19, од ДПМ замолуваат кандидатите претходно да се јават на мобилниот број на веб страната на ДПМ. За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат“, се вели во соопштението од ДПМ.

Поврзани содржини