ОТВОРЕН КАНАЛОТ ВО БАЛТИМОР ДВА ИПОЛ МЕСЕЦИ ПО ТРАГЕДИЈАТА Изградбата на урнатиот мост ќе трае повеќе од 4 години
Екипите мораа да отстранат 50.000 тони остатоци, а приближно 2.000 спасувачки екипи, вклучително и стотици експерти од целиот свет, работеа на отстранување на купишта челик и бетон под мостот кој се урна кога товарен брод удри во еден од столбовите.
Бротскиот канал на пристаништето Балтимор е повторно отворен, 11 недели откако мостот Френсис Скот Ки се урна кога товарен брод удри во него, јавува Би-Би-Си.
Инженерите на американската армија рекоа дека преминот сега е „безбеден за сообраќај“.
За потсетување, товарен брод удри во мост во Балтимор на 26 март, при што се урна мостот и загинаа 6 работници. Екипите мораа да отстранат 50.000 тони остатоци, а приближно 2.000 спасувачки екипи, вклучително и стотици експерти од целиот свет, работеа на отстранување на купишта челик и бетон. Екипажот сѐ уште е на бродот, два и пол месеци по уривањето на мостот.
Обновата на мостот ќе трае повеќе од 4 години и ќе чини до 1,9 милијарди долари, соопштија државните власти на Мериленд.