Отворен е Дизниленд во Париз, но без гушкања со Мики и Шиљо
Според новите правила на однесување во паркот, „блиската интеракција, вклучително и прегратките, е привремено забранета“, а посетителите над шест години, исто така, мора да носат заштитни маски.
Забавниот парк Дизниленд близу Париз денеска е повторно отворен откако беше затворен скоро осум месеци поради пандемијата, но посетителите сепак мора да ги следат безбедносните мерки за борба против вирусот.
Граѓаните можеа да се фотографираат со маскотите на омилените ликови на Дизни како Мики Маус, Мини и Шиљо, но не и да се прегрнат заради физичката оддалеченост.
Според новите правила на однесување во паркот, „блиската интеракција, вклучително и прегратките, е привремено забранета“, а посетителите над шест години, исто така, мора да носат заштитни маски.
Влегувајќи во паркот, посетителите не ја криеја возбудата. 22-годишната Емелин Н’Залаканда била честа посетителка пред пандемијата.
– Се чувствувам како да го чекав ова цел живот. Поминаа месеци и месеци. Неверојатно е. Многу е емотивно да ги видам повторно сите овие луѓе – рече таа.
Наташа Рафалски, директор на Дизниленд, рече дека повторното отворање на паркот е пресвртница за целиот сектор за туризам и угостителство во Франција.
– Сите со нетрпение го очекувавме овој момент – рече таа. „Рестораните, хотелите, тематските паркови и рестораните се клучни за францускиот живот.