ОТВОРАЊЕ СО „НОРМА“ НА 9 МАЈ Јубилејни 50. Мајски оперски вечери

Во рамки на одбележувањето на овој исклучителен јубилеј ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски.

101

Националната опера и балет годинава одблежува 50 години од Мајските оперски вечери (МОВ), традиција за почит, која ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Празникот на Операта свечено ќе биде отворен на 9 мај со премиера на операта „Норма“ од Винченцо Белини, која ќе биде репризирана и на 11 мај, а на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко – сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.

Директорот на НОБ, Васо Ристов, на денешната прес конференција, истакна дека изминатите 50 години македонската културна сцена благодарение на престижната манифестација МОВ, активно го живее месецот мај како центар на музичко-сценски случувања, претставувајќи платформа на која се презентираат современите музички вредности со настап на домашни и странски музички уметници.






– Со изминувањето на годините, сѐ повеќе и посигурно МОВ ги остваруваат проектираните цели и ја оправдуваат потребата за нивното постоење и одржување етаблирајќи се како ценета, престижна и меѓународно етаблирана музичко-сценска манифестација. И после двегодишната пандемија, НОБ успеа да го задржи својот континуитет и квалитет со оглед на предизвиците кои ги носат светската економска, енергетската и безбедносната криза – рече Ристов.

– Норма е една комплексна и виртуозна улога која секој сопран ја посакува, се разбира во малку позрели години, бидејќи доколку не се поседува добра техника и искуство, Норма е голем залак за да биде перфектно изведена. Дадовме се од себе и мислам дека публиката ќе ужива – рече Благица Поптомова.

Посебно беше истакната соработката со режисерот маестро Бонајуто и диригентот Довико, за посветеноста своите знаења за италијанската опера, белкантото да им ги пренесат на солистите.

Во рамки на одбележувањето на овој исклучителен јубилеј ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1982 година.

Поврзани содржини