Отворање на изложба на дела на познати светски уметници „Сета љубов“ во МСУ
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и „Еуролинк осигурување“.
Изложба насловена „Сета љубов (All the Love)“ ќе биде отворена од денеска во 16 часот, па се до февруари следната година, во Музејот на современата уметност – Скопје . Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.
Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации и видеа, ќе се претстават 11 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Бобур, Гугенхајм, Мома Њујорк.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и „Еуролинк осигурување“.