ОТСЕГА РОБОТИ ЌЕ ПРЖАТ ПИЛЕШКИ КРИЛЦА Buffalo Wild Wings го ангажираше Wingy (ВИДЕО)

Винги ќе работи побрзо, побезбедно, нема да има расфрлање со жежок зејтин по кујната, а многу други луѓе ќе бидат отпуштени од индустријата поради неговата ефикасност.

340

Вештачка интелигенција ќе управува робот кој ќе ги замени луѓето кои ги селектираат крилцата и ги фрлаат на пржење во рестораните на Buffalo Wild Wings, a сличен на него робот, по име Флипи, превртува плескавици во трговските куќи Walmart и White Castle уште од 2018 година, пишува Футуризам. Братот на Флипи („вртко“) ќе се вика Винги („крилце“), а добрата (или лоша) вест е што роботот драстично ќе ги намали работните места во индустријата за храна.

Видете како брат му на Винги „тепа“ плескавици. 






Не, ова не е само уште еден пример за тоа како роботите допрва ќе ја вршат за нашата работа. Според Miso Robotics, компанијата која го развила Винги, роботот всушност ќе ги направи рестораните побезбедни и ќе ја отстранат можноста работниците во рестораните да се изгорат.

„Членовите на тимот се способни да готват повеќе додека трошат многу помалку време на пржење“, се вели во соопштението за печатот.

 

– Винги пржи свежи, замрзнати или рачно печени производи како професионалец, избегнувајќи вкрстена контаминација и зголемување на пропусната моќ додека ги намалува трошоците – возбудено изјави Мајк Бел, извршниот директор на компанијата.

И покрај чудното име на Винги, од Miso Robotics имаат целосна доверба во овој нов помошник во кујната. Се надеваме дека никогаш нема да го видиме денот кога Винги ќе одлучи да ги отфрли своите човечки господари и да почне да фрла врело масло во лицата на своите непријатели.

Поврзани содржини