ОТРУЛ ДВЕ КУЧИЊА, А ЕДНО УСМРТИЛ СО КОЛА Штипјанец заработи кривична за мачење и убиство на животни

Полицијата од Штип пријави 72-годишен маж кој фрлал отров во селото Долно Трогерци, а потоа и со автомобил усмртил куче, го теретат за убиство и мачење животни.

269

72-годишен жител на Штип се соочува со кривична пријава за свирепо мачење и убивање животни, откако во два одделни случаи фрлал отровна храна и со возило прегазил куче, потврдија денес од СВР Штип.

Првиот случај се случил на 14 април годинава во селото Долно Трогерци, кога пријавениот С.К. во два наврати фрлал храна со отровна супстанца, при што биле отруени две кучиња во сопственост на лице со иницијали Т.С.






Неколку недели подоцна, на 6 јули 2025, истиот 72-годишен маж со патничко возило намерно удрил и усмртил куче, соопштуваат од полицијата.

Според Секторот за внатрешни работи Штип, против осомничениот С.К. е поднесена кривична пријава за две тешки кривични дела – „Убивање и мачење животни“, по членови од Кривичниот законик.

Поврзани содржини