ОТРОВОТ НА ЕДНА ОД НАЈОТРОВНИТЕ ЗМИИ ДЕЈСТВУВА НА КОРОНАТА Прв чекор за можен лек против ковид-19
Студијата објавена во научното списание Molecules покажала дека молекулата која ја произведува јараракусу, една од најотровните јужноамерикански змии, за 75 отсто ја намалува способноста на вирусот да се множи во клетките на мајмуните.
Бразилски научници откриле дека молекулата од отровот на змијата јараракусу, ендемска јужноамериканска змија, ја намалила репродукцијата на коронавирусот во клетките на мајмуни, што претставува потенцијален прв чекор кон лекот во битката против коронавирусот.
Студијата објавена во научното списание Molecules покажала дека молекулата која ја произведува јараракусу, една од најотровните јужноамерикански змии, за 75 отсто ја намалува способноста на вирусот да се множи во клетките на мајмуните.
– Успеавме да покажеме дека оваа компонента на змискиот отров може да инхибира многу важен протеин од вирусот – изјавил Рафаел Гуидо, професор од Универзитетот Сао Паоло и автор на студијата.
Молекулата е пептид или синџир на аминокиселина која може да се поврзе со ензимот на коронавирусот PLPro, кој е клучен за неговата репродукција. Притоа не се нанесува штета на другите клетки.
Веќе познат по своите антибактериски својства, пептидот може да се синтетизира во лабораторија, вели Гуидо во интервју, па не е потребно да се фаќаат змии или тие да се одгледуваат.
– Внимателни сме поради луѓето кои би можеле да одат во лов на јараракуси во Бразил, мислејќи дека ќе го спасат светот. Тоа не е тоа – вели Џузепе Пуорто, херпетолог кој ја води биолошката збирка на институтот во Бутан во Сао Паоло.
– Отровот нема сам по себе да ја излечи короната – велиПуорто.
Научниците сега ќе ја проценуваат ефикасноста на различни дози на молекулата и ќе откријат дали воопшто таа е во состојба да спречи вирусот да навлезе во клетките, соопшти Државниот универзитет во Сао Паоло, кој бил вклучен во истражувањето.
Тие се надеваат дека таа материја ќе почнат да ја тестират и на човечките клетки, но не навеле кога.
Јараракусу е една од најголемите змии во Бразил, долга е до 2 метри. Змијата живее во Атлантската шума, а може да се пронајде и во Боливија, Парагвај и во Аргентина.