Отровната врска со Дикаприо ја уништи: Се опивала за да го поднесе

1,108

Своевремено најплатената манекенка на светот, Жизел Бундшен открила како изгледала врската со славниот актер.

Имено, Леонардо Дикаприо бил „неподнослив“ до тој степен што Жизел Бундшен почнала да пие за да се справи со него!






Пет години биле во врска, а Жизел раскажала за „Портер“ дека пред крајот на врската таа морала да „отапува со алкохол“ за да го поднесе Леонардо.

– Престанав да чувствувам што било, и се обидов да се „убивам“ со цигари, алкохол и прекумерна количина на работа. Дали бев сама во настојувањата да се истражувам себеси и животот, додека тој остана на истото? За жал, одговорот е „да“. Јас се обидов да се изборам со моите проблеми, тој не – рекла Жизел.

Жизел во 2005 година го остави актерот познат по „сериските“ врски со манекенките и влезе во врска со спортистот Том Брејди. Двојката денес ги има синот Бенџамин (9) и ќерката Вивијан (6).

 

 

 

 

Поврзани содржини