ОТРОВНА ЗМИЈА КАСНАЛА ХОЛАНЃАНЕЦ ВО ОХРИД Во болницата немало противотров, пациентот итно бил пренесен во Дебар

Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница.

1,758

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија во Охрид, но во болницата во овој град немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот.

Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница.






Во изминатите неколку дена во Општата болница со прoширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.

– Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт – вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Вториот случај, како што посочува, бил вчера, а неофицијално се работи за холандски државјанин, кој бил на одмор во Охрид.

– Колегите од општата болница од Охрид, кои не располагале со серум, ни се јавија за случајот и веднаш излеговме во пресрет, да помогнеме. Времето беше во прашање, кое не дозволуваше да однесеме серум до Охрид, поради што со санителско возило од охридската болница пациентот беше донесен кај нас, прими антивиперин и повторно беше вратен во Охрид – додава Пашоли.

Поврзани содржини