Отпуштила 30 работници, а таа и нејзиниот сопруг „тежат“ 450 милиони долари

1,470

Британскиот водител Пирс Морган, познат по својот остар јазик,  ја нападнал модната дизајнерка Викторија Бекам и изјавил дека низ годините наназад постојано ја спасувал нејзиниот сопруг – Дејвид Бекам, додека таа ги губела парите.

Модната дизајнерка Викторија Бекам (46), отпуштила 30 вработени поради тешката финансиска ситуација што ја предизвикана пандемијата на коронавирусот.






Како што пишуваат странските медиуми, на нејзиниот потег бурно реагирал британскиот телевизиски водител Пирс Морган. Имено, тој ја замолил Викторија повторно да размисли за отпуштањето на своите работници и да го разгледа планот на владата за спасување.

Потегот на Викторија е осуден од јавноста со оглед на тоа што нивниот имот е проценет на 450 милиони долари.

Странските медиуми пишуваат дека модната дизајнерка навистина е погодена од кризата и дека не зема ниту сопствена плата. Нејзиниот главен директор дал отказ во текот на целата оваа ситуација.

– Извини, но од ова ми се гади. Ако толку многу ти значи, зошто тогаш не земеш пари од даночните обврзници кои очајнички ти требаат, а тоа што повеќе не ти треба, да го вложиш во своите вработени и да им помогнеш да ја сочуваат работата – ја советувал Пирс.

– Губиш пари секогаш, а потоа те спасува твојот сопруг, богат сопруг – Дејвид Бекам – истакнал водителот во емисијата „Добро утро Британијо“.

Поврзани содржини