📽️ ОТПУШТЕНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ДУИ СИ ПОСТЕЛИЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА Министерот ги испрати да спијат дома
По документирањето на состојбата, тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на која, според него, се гледа канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службеници кои во неа работеле, но вчера, 24 декември, биле отпуштени.
По документирањето на состојбата, тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.
Со објавата Стоилковиќ одговори на нападите од ДУИ, која претходно обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“.