ЈОТОВА ВО БИТОЛА ЌЕ МУ ЈА ВРАЧИ НАГРАДАТА НА БОЖИДАР БОЖИНОВСКИ Денеска засилени мерки за обезбедување на познатиот инфлуенсер

Потпретседателката на Бугарија била известена дека Божиновски напишал роман за македонско-бугарските односи, дознава Плусинфо. Станува збор за романот со наслов „Уништување“.

9,197

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска ќе ја посети Битола и на инфлуенсерот и писател Божидар Божиновски ќе му ја врачи наградата „4 Ноември“, дознава Плусинфо.

Помалку информираните новинари ја шират лажната вест дека присуството на Јотова во Битола на Денот на ослободувањето на градот од фашистичката окупација е смислена провокација.






Според наши извори, потпретседателката на Бугарија била известена дека Божиновски напишал роман за уништување на македонско-бугарските односи. Станува збор за романот со наслов „Уништување“. И затоа одлучила наградата „4 Ноември“ да му ја врачи лично, во просториите на клубот „Иван Михајлов“.

Од СВР Битола соопштуваат дека во градот овој викенд ќе има засилено присуство на полицијата. Денеска ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на врачувањето на наградата и за заштита на ликот и делото на Божидар Божиновски, кого синоќа Плусинфо го прекрсти во Моџо Карингтон, потсетувајќи на главниот лик на позната серија „Династија“.

Полесна задача полицијата ќе има утре, сабота, 5 ноември, обезбедувајќи го обезбедувајќи го присуството на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе присуствуваат на одбележувањето на јубилејот на РЕК „Битола“.

(Оваа е сатирична содржина)

Поврзани содржини