Легендарната серија „Пријатели“ не би била иста без поранешната девојка на Чендлер, Џенис, која е специфична по урнебесното смеење и иритантниот глас.
Ликот Џенис го отелотвори актерката Меги Вилер (59), која не зборува така во реалниот живот, а сега откри како воопшто настанал таквиот глас од серијата.
Сè започнало, вели таа, откако добила отказ во серијата „Овие мои пријатели“ (These Friends of Mine) на водителката Елен Деџенерис (62), поради што била скршена.
Така, на аудицијата за „Пријатели“ таа се ослободила и се обидела нешто ново за да биде оригинална. Ова навистина ѝ пошло од рака, бидејќи гласот на Џенис им се допаднал на авторите на серијата, па ја добила улогата.
– Да отидев на аудицијата некој друг ден, можеби ќе го направев тоа поинаку, но тогаш дојдов сѐ уште под впечаток на отказот и се чувствував слободна. Одлучив дека сакам да го сторам тоа на тој начин и се покажа во моја корист – изјавила таа за news.com.au.
Претходно во шоуто „Утринското шоу“ таа рече дека смеењето го креирала, затоа што знаела дека актерот Метју Пери (51), кој го глумеше Чендлер, е хумористичен и дека ќе ја насмее на снимањето.
– Затоа пресметав дека е подобро за Џенис да се смее специфично затоа што тој ќе ме насмее секогаш кога ќе направиме нешто заедно – рече таа.
Инаку, Меги зеде неколку работи од сетот од Џенис кои и денес ги чува.
– Имам неколку предмети од гардеробата на Џенис – признала Меги Вилер.