ОТКРИЕНО КОИ ЌЕ БИДАТ ВОДИТЕЛИ НА ЕВРОСОНГ 2023 Славни имиња ќе застанат на евровизиската сцена (ФОТО)

„Би-би-си“ го откри својот избор на водители за овогодинешното издание на Изборот за песна на Евровизија во Ливерпул.

585

„Би-би-си“ го откри својот избор на водители за овогодинешното издание на Изборот за песна на Евровизија во Ливерпул.

Тим од четири презентери се состои од:






Греам Нортон
Хана Вадингам
Јулија Санина
Алеша Диксон

Како што наведуваат, големото финале ќе го водат сите споменати водители – Греам Нортон, украинската пејачка Џулија Санина, актерката Хана Вадингам и пејачката и водителка Алеша Диксон.

Двете полуфинални вечери ќе ги предводи женското трио – Јулија Санина, Хана Вадингам и Алеша Диксон.

Греам Нортон

Популарниот ТВ-водител и британски коментатор на Евровизија ќе биде дел од водителската постава во финалната вечер. Неговото најпознато шоу, „Шоуто на Греам Нортон“, освои БАФТА во 2009 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by graham norton (@grahnort)

Хана Вадингам
Хана Вадингам е британска пејачка, актерка и изведувач во бројни мјузикли на Бродвеј и Вест Енд. Таа ја освои наградата Еми за улогата во серијата „Тед Ласо“.

Јулија Санина

Јулија Санина беше финалистка на украинскиот „Танц со ѕвездите“ и членКА на жирито во шоуто „Икс-фактор Украина“. Во 2016 година учествуваше на Видбир со нејзиниот бенд THE HARDKISS и го освои второто место. Исто така, украинската публика ја избра да биде членка на жирито на овогодинешното издание на Видбир и да учествува во изборот на украинскиот претставник во Ливерпул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Sanina (@the_hardkiss)

Алиша Диксон
Алиша Диксон е британска пејачка, манекенка и ТВ-водителка. Кариерата ја започна во бендот „Mis-Teeq“, а подоцна продолжи со успешна соло кариера. Нејзината песна „The Boy Does Nothing“ беше една од најслушаните песни во 2008 година и достигна високи места на различни европски топ листи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALESHA DIXON (@aleshaofficial)

Поврзани содржини