ОТКРИЕНО КОЈ ОД КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО Е РАСИСТ Му рекла на Хари дека детето ќе има црвена афро фризура
Новата книга на авторот Том Бауер го открива името кое Меган не сакала да го каже јавно.
Принцот Хари и Меган Маркл за расистичките коментари со кои се соочија пред раѓањето на нивниот син Арчи првпат проговорија во интервјуто со Опра Винфри во март минатата година. Не сакаа да го откријат името на личноста која ги дала расистичките коментари, бидејќи, како што тврдела Меган, тоа многу ќе и наштети на нејзиниот углед, а сега е откриено за кој член на кралското семејство станува збор.
Новата книга на авторот Том Бауер го открива името кое Меган не сакала да го каже јавно.
Авторот во својата книга „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорите“, која го истражува наводниот „раздор“ меѓу Меган и Хари и другите членови на монархијата, тврди дека тоа била Камила, војвотката од Корнвол и втората сопруга на принцот Чарлс, која имаше расистички коментари за нивниот тогаш нероден син Арчи и дека ја поттикнала осудата на целото кралско семејство.
Според пишувањето на странските медиуми, втората сопруга на принцот Чарлс, Камила, наводно на самиот Хари му рекла дека би било смешно неговото неродено дете да има „црвена афро фризура“ за време на разговорот што го имале со семејството во 2016 година.
Откритијата до кои дошол Бауер стигнале и до Камила, а извори блиски до војвотката од Корнвол ги нарекоа тврдењата „тотални глупости“.
View this post on Instagram