ОТКРИЕНО КОЈА ПЕСНА ЈА ОДБРАЛА ТИФАНИ ТРАМП За првиот танц на венчавката (ВИДЕО)
Тифани Трамп и нејзиниот сопруг милијардер Мајкл Булос, првиот танц на венчавката го танцувале на песната „Dancing in the Moonlight“.
Тифани Трамп и нејзиниот сопруг милијардер Мајкл Булос, првиот танц на венчавката го танцувале на песната „Dancing in the Moonlight“.
Ова го открија снимките и фотографиите кои се појавија на нивните инстаграм-профили.
View this post on Instagram
По церемонијата, Тифани реши да ја смени венчаницата, па вечерта облече лелеав бел фустан и дијамантски ѓердан, додека нејзиниот нов сопруг остана во црн костум со машна.
Во еден момент сите им се придружија на Тифани и Мајкл на подиумот, вклучувајќи го и таткото на невестата, Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател танцуваше со сопругата Меланија додека се слушаше песната „Strangers in the Night“ од Френк Синатра.
Било забележано и Трамп како ѝ шепоти нешто на увото на својата сопруга пред да ја бакне во образ.
View this post on Instagram
Да потсетиме, помладата ќерка на Доналд Трамп во саботата се омажи за 25-годишен милијардер. Венчавката се одржа на имотот Мар-а-Лаго на Флорида, а невестата носеше венчаница дизајнирана од познатиот моден дизајнер Ели Саб.
View this post on Instagram