Откриено името на 22-то дете на најголемото британско семејство, таткото објави крај на „производството“
Оваа брачна двојка се родители на Крис (30), Софи (25), Клои (23), Џек (22), Даниел (20), Лук (19), Мили (18), Кети (16), Џејмс (15), Ели (14), Ејми (13), Jош (12), Макс (11), Тили (9), Оскар (7), Каспер (6), Хали (4), Фиби (3), Арчи (22 месеци), Бони ( 16 месеци) и Хајди (11 дена). Нивното 17-то дете, синот Алфи, е мртво родено на 6 јули 2014 година.
44-годишната Сју Радфорд и нејзиниот 48-годишен сопруг Ноел конечно решија да го именуваат своето 22 дете. Станува збор за нивната 11-та ќерка, а тие на Велигден објавија дека ќе се вика Хајди.
Парот, кој го доби своето прво дете пред 30 години, помош побара од своите други деца, кои го откриле името на помладата сестра преку забавна игра.
На децата им беа дадени неколку задачи. Тие мораа да одговорат на прашањето „кој просторија неодамна ја обоивме“ за да најдат локации каде беа скриени шест букви со кои се откриваше името на новороденчето, кое пристигна на 3 април.
– Нејзиното средно име е Роуз. Ова средно име е дадено и на нашата најстара ќерка Софи, а таа го доби името по мајка ми. Одлучено е дека ќе завршиме да го прошируваме семејството со нашето мало девојче, па решивме да и’ го дадеме истото средно име како нашата најстара ќерка. Ние започнавме со Роуз и ќе го завршиме тоа – објасни таткото Ноел.
Тој додаде дека изборот на името не е лесно и може да се заклучи дека ги слушале своите обожаватели кои дури и за време на бременоста посочувале дека името на нивната ќерка да завршува со „е“. Имено, имињата на сите нивни ќерки завршуваат со таа буква.
Мајката Сју доби болки на 3 април, нешто пред пладне, а околу 22.01 часот роди бебе со тежина од 3175 грама.
Сју во својот живот помина 800 недели бремена. Првото дете го има родено на 14 години. Ноел претрпе вазектомија по раѓањето на деветтото дете, но набргу потоа се случил пресврт. Сју и Ноел се запознале кога имала само седум години. Во 1993 година, кога наполнила 18 години, тие се венчале. Радфордс веќе има три внуци, а наскоро ќе добијат и четврто затоа што нивната ќерка Мили е бремена.
Оваа брачна двојка се родители на Крис (30), Софи (25), Клои (23), Џек (22), Даниел (20), Лук (19), Мили (18), Кети (16), Џејмс (15), Ели (14), Ејми (13), Jош (12), Макс (11), Тили (9), Оскар (7), Каспер (6), Хали (4), Фиби (3), Арчи (22 месеци), Бони ( 16 месеци) и Хајди (11 дена). Нивното 17-то дете, синот Алфи, е мртво родено на 6 јули 2014 година.