Откриено е како да се дознае кои деца ќе развијат потешка форма на ковид-19 – Кавасаки синдром

Новиот синдром се појави пред еден месец кај пациенти во голем број болници во Лондон, каде што децата беа примени на интензивна нега со симптоми кои наликуваат на токсичен шок и воспалителни процеси, познати како „Кавасаки“ болест.

1,174

Британски лекари пронајдоа група на крвни компоненти кои што може да откријат зошто некои деца се изложени на ризик од развојот на ретката, но опасна по живот имунолошка реакција и воспаление заради новиот коронавирус, објави електронското издание на „Гардијан“.

Новиот синдром се појави пред еден месец кај пациенти во голем број болници во Лондон, каде што децата беа примени на интензивна нега со симптоми кои наликуваат на токсичен шок и воспалителни процеси, познати како „Кавасаки“ синдром.






Болниците низ целиот свет, исто така, објавија стотици слични случаи, за кои лекарите веруваат дека се резултат на презаситеност на имунолошкиот систем до вирусот, а понекогаш се случуваат неколку недели по инфекцијата.

Од оваа состојба се лекуваат околу 100 деца во Велика Британија. Повеќето биле примени во болница со постојана треска, осип на кожата и воспаленија, болка во стомакот, ладни раце и нозе. Најмалку две деца во земјата починале од овој синдром.

Истражувачите од „Империал колеџ“ во Лондон ја анализирале крвта на најтешко болните деца и откриле високо ниво на пет компоненти, кои се откриваат со рутински тестови на крвта. Два од нив – феритин и Ц-реактивен протеин (ЦРП) се вообичаени крвни маркери за воспалителниот процес. Другите се поврзани со згрутчување на срцето и крвта – тропонин, натриуретичен пептид БНП и т.н. Д-димер.

– Знаеме дека овие маркери се присутни кај сериозно болни пациенти и со пониско ниво – кај некои пациенти со болеста „Кавасаки“ – рече Мајкл Левин, професор по педијатрија и меѓународно здравје за деца на „Империјал колеџ“.

– Веруваме дека тие ќе ни помогнат да процениме кои деца се изложени на ризик од срцева слабост. Ние користиме крвни маркери за да утврдиме кои деца треба да бидат изнесени од окружните болници и да бидат пренесени во специјализирани центри и единици за интензивна нега – додаде тој.

Потребни се повеќе истражувања во оваа насока, но ако теоријата на лекарите е точна, тие би можеле да користат едноставен тест на крвта за да откријат во која фаза децата се изложени на ризик од развој на тешкиот синдром и да преземат итни активности.

За да продолжат со проучувањето на овој наод, истражувачите добија дозвола од главниот здравствен инспектор проф. Крис Вити да ги поканат децата вклучени во проектот „Дијаманти“ финансиран од ЕУ, кој веќе е во тек во ЕУ, да учествуваат во крвни тестови и да се идентификуваат маркери што укажуваат на предиспозиција за тешка форма на ковид-19.

Поврзани содржини