Oткриeни заразени лица со две различни сорти на коронавирусот
Тие покажале благи симптоми на болеста, како што се сува кашлица кај еден пациент и кашлица, болки во грлото и главоболка кај друг и никој од нив не побарал болничко лекување.
Научниците од јужниот дел на Бразил објавија дека откриле двајца пациенти кои истовремено се заразени со две различни сорти на коронавирусот.
Тие рекоа дека се многу загрижени и дека нивната студија е прва во светот што потврди ко-инфекција со два вида коронавирус.
Откритието е објавено на медицинската страница „medRxiv“, а студијата допрва треба да помине низ процесот на преглед и да биде објавена во научно списание, пренесува „Ројтерс“.
Двајцата пациенти се на возраст од околу триесет години и биле заразени на крајот на ноември со видот „P.2“, кој беше идентификуван во Рио де Жeнеиро, додека беа позитивни на уште една мутација на вирусот.
Тие покажале благи симптоми на болеста, како што се сува кашлица кај еден пациент и кашлица, болки во грлото и главоболка кај друг и никој од нив не побарал болничко лекување.
Случаите привлекуваат внимание на тоа колку мутации веќе може да има во Бразил и предизвикуваат загриженост кај научниците дека коинфекцијата со различни видови може да го забрза појавувањето на нови мутации, наведува „Ројтерс“.
– Тоа би бил уште еден еволутивен пат за вирусот, велат научниците.