ОТКРИЕНИ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ШУМАХЕР Сопругата Корина му го спасила животот

4,751

Една од најголеми спортски мистерија некогаш е здравствената состојба на легендарниот Михаел Шумахер.

Откако седумкратниот шампион во Формула 1 Шумахер во 2013 година доживеа несреќа на скијање, малку информации допираат до јавноста, а повремено некоја информација дава неговиот голем пријател, актуелен претседател на ФИА и поранешен директор на Ферари во Формула 1, Жан Тод.






По несреќата, Тод поминал многу време со Корина и бил еден од ретките луѓе на кои му било дозволено да влезе во вилата на тајните каде Михаел закрепнувал.

Веќе осум година го нема Шумахер во јавноста, наскоро ќе биде објавен документарен филм за еден од најдобрите возачи на формула некогаш, поточно, би требало да биде објавен на 15 септември.

Тод решил уште еднаш да открие неколку детали за состојбата на неговиот пријател, нагласил дека битна улога одиграла неговата сопруга Корина која „сакала тој да преживее“.

– Поминав многу време со Корина откако Михаел доживеа сериозна несреќа на скијање на 29 декември, 2013 година. Таа е прекрасна жена и го води семејството. Не го очекуваше ова. Сѐ се случи ненадејно и немаше избор. Но, сѐ направи многу добро. Ѝ верувам и таа мене ми верува – изјавил Тод за „Спорт Билд“.

Потоа зборувал за осумгодишната борба на Шумахер и неговото закрепнување.

– Благодарение на работата на лекарите и соработката на Корина, која сакаше да преживее, тој и преживеа – но со последици. Сега се бори со последиците. Се надеваме дека работите полека, но сигурно ќе се подобрат – додал Тод,  без да открие повеќе детали.

Во 2019 година, семејството објави дека прават сè што е во нивна моќ да му помогнат да закрепне, и дека се наоѓа во вила во Гланд, Швајцарија и има целодневна нега.

Поврзани содржини