Веќе е потврдено дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе снимаат нови епизоди од култната серија „Сексот и градот“, но без Ким Катрал, а сега протекоа информации за нивните хонорари.
Римејкот на ХБО Макс ќе се вика „And Just Like That…“ и ќе има 10 епизоди, а за секоја епизода актерките ќе добијат хонорар од еден милион долари, тврди „Варијети“.
Серијата ќе го следи пријателството на Кери, Миранда и Шарлот и нивниот љубовен живот во нивните 50-ти години.
Секоја епизода ќе трае 30 минути и снимањето, според сегашниот план, треба да започне на крајот на пролетта.
Сара Џесика Паркер објави видео на Инстаграм како најава за серијата и први се огласија нејзините колешки.
„Даааа“, напиша Риз Витерспун. „Не можам дури ниту да дишам“, истакна Дру Баримор. „Врескам од длабочината на своите бели дробови“, коментираше Зои Кравиц.
Многу обожаватели не можеа да го скријат воодушевувањето поради снимањето на омилената серија.
View this post on Instagram
ФОТО: Твитер