ОТКРИЕНИ ЦРНИ ДУПКИ КОИ…СОЗДАВААТ ЅВЕЗДИ? Досега мислевме дека можат само да голтаат

Освен што ова откритие ќе им зададе главоболка на физичарите кои истражуваат црни дупки, ќе страдаат и астрономите. Тие десет години не можат да откријат дали малите црни дупки околу нив врзуваат само мали галаксии, а големите големи или можни се и исклучоци. Во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат исто така имаме црна дупка.

474

Според новото истражување направено со вселенскиот телескоп Хабл, не сите црни дупки се чудовишта за какви што ги мислиме. Научниците од Државниот универзитет во Монтана неделава објавија статија во „Природа“ околу раѓањето на ѕвезди во Хенизе 2-10, џуџеста галаксија – и тврдат дека црната дупка во центарот на таа галаксија всушност ги создала, пишува ИФЛ Наука.

„Заклучуваме дека овој излив на црната дупка го отпочнал формирањето на ѕвездите“, напишале авторите.






Освен што ова откритие ќе им зададе главоболка на физичарите кои истражуваат црни дупки, ќе страдаат и астрономите. Тие десет години не можат да откријат дали малите црни дупки околу нив врзуваат само мали галаксии, а големите големи или можни се и исклучоци. Во центарот на нашата галаксија, Млечниот пат исто така имаме црна дупка.

– Пред десет години, како дипломирана студентка мислејќи дека ќе ја поминам својата кариера истражувајќи како ѕвездите се формираат, ги погледнав податоците од „Хенизе 2-10“ и сè ми се смени – за НАСА изјави Ејми Рејнс, истражувачка на Универзитетот во Вирџинија и една од авторите на студијата.

Ејми очекува да дознае уште повеќе факти за овие џуџести црни дупки и можеби да открие како од џуџестите настануваат големите или пак, супермасивните црни дупки, ако такво правило постои. Досега има три теории, но ниедна од нив не отскокнува, известува НАСА.

– Ова стана навистина големо прашање: од каде дојдоа? Џуџестите галаксии може да задржат одредено сеќавање на тоа како „се сееле“ црните дупки кое инаку е изгубено во времето и просторот – вели таа.

Ако ништо друго, тоа што црната дупка во „Хенизе 2-10“ им пркоси на правилата на физиката, ќе помогне да се реши едниот од најстарите проблеми во галаксијата: како настанале ѕвездите кои ги прават галаксиите?

Поврзани содржини