ОТКРИЕНИ 32 ТЕЛА ВО ТАЈНИ ГРОБНИЦИ ВО МЕКСИКО Крвавата војна меѓу картелите продолжува, 1.500 убиства за пола година, 132.000 лица сè уште исчезнати
Државното обвинителство објави дека телата биле пронајдени закопани во тајни гробници на имот во населбата Ла Калера, оддалечена околу 320 километри северозападно од Мексико Сити. Ова откритие доаѓа помалку од 2 месеца по вооружен напад на улична забава во Ирапуато, при кој животот го загубија 12 лица.
Властите во централната мексиканска држава Гванахуато соопштија дека пронашле 32 тела на имот во општината Ирапуато и дека речиси половина од нив се идентификувани.
Канцеларијата на државниот обвинител на Гванахуато вчера напиша на социјалната мрежа Икс дека телата се пронајдени во тајни гробници на имот во населбата Ла Калера, околу 320 километри северозападно од Мексико Сити.
Откритието се случи помалку од 2 месеци по масовното пукање на улична забава во Ирапуато, во кое загинаа 12 лица, соопшти агенцијата.
Во Гванахуато, картелот „Нова генерација Халиско“ и локалниот картел „Санта Роса де Лима“ се во конфликт во последните години, при што властите регистрирале повеќе од 1.500 убиства помеѓу јануари и јули.
Групите на организиран криминал во Мексико честопати ги закопуваат своите жртви во тајни гробови.
Сегашниот број на исчезнати лица, според мексиканската влада, е речиси 132.000.