Откриена уште една неочекувана причина за Алцхајмерова болест: Овие навики претставуваат ризичен фактор
Кај луѓето кои во подоцнежната доба од животот размислуваат само на негативен начин може да дојде до опаѓање на когнитивните способности и поголемо таложење на два штетни протеини кои доведуваат до појавување на Алцхајмерова болест, покажуваат резултатите од најновото истражување што го спровеле британските научници.
Според нивната теза, навиките како што се како негативно размислување за минатото и загриженост за иднината затоа можат да претставуваат уште еден ризичен фактор за заболување од деменција, наведува Си-ен-ен.
Во истото истражување, било утврдено дека депресивните и анксиозни луѓе се подложни на поизразено опаѓање на когнитивните способности во односот на луѓето кои тоа не се, што се поклопува со наодите на некои поранешни студии.
Меѓутоа, измереното ниво на протеини со име тау и амилоид, кои што се одговорни за појавување на Алцхајмерова болест, не биле зголемени кај луѓето кои веќе страдале од депресија и анксиозност, што доведува до претпоставка дека токму честите негативни мисли се главната причина поради која депресијата и анксиозноста придонесуваат за заболување од Алцхајмерова болест, но истражувачите тврдат дека за конкретниот заклучок потребни се понатамошни истражувања.