ОТКРИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА ВО КОСОВО Полицијата уапси пет лица и заплени дрон, експлозивни материјали и противтенковско оружје

Според соопштението на Обвинителството, операцијата на Управата за борба против тероризмот на косовската полиција уследила по неколкумесечна истрага и спроведени тајни истражни и надзорни дејствија.

945

Специјалното обвинителство на Косово објави вечерва дека се уапсени пет лица осмоничени за подготвување терористички напади и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и други материјали, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, операцијата на Управата за борба против тероризмот на косовската полиција уследила по неколкумесечна истрага и спроведени тајни истражни и надзорни дејствија.






Обвинителството информира дека при претресот кај уапсените се откриени експлозивни материјали, огнено оружје, еден дрон и противтенковско оружје.

– Постои оправдно сомневање дека лицата ги извршиле кривичните дела „подготвување терористички дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ во врска со кривичното дело „вшење терористичко дело“, како и кривичното дело „неовластен увоз, извоз, набавка, превоз, производство, размена, посредување и продажба на оружје и експлозивни средства – велат од Обвинителството.

Во рамки на законските рокови, најави Специјалното обвинителство, ќе биде поднесено барање за одредување притвор за уапсените, за чиј идентитет не се наведени никакви податоци.

Поврзани содржини