ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ЅВЕЗДАТА НА „ЕУФОРИЈА“ Ангус Клауд починал од фатална комбинација на фентанил, кокаин и метамфетамин

Ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“, Ангус Клауд починал од случајно предозирање, потврдија од судскиот совет, пренесуваат американските медиуми.

1,874

Ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“, Ангус Клауд починал од случајно предозирање, потврдија од судскиот совет, пренесуваат американските медиуми.

„Ангус Клауд почина од фатална комбинација на фентанил, кокаин, метамфетамин и уште многу друго, за што се верува дека е случајно предозирање“, изјави портпаролот на округот Аламеда за „Ентертејмент тунајт“: „Станува збор за акутна интоксикација поради комбинација на разни лекови, вклучувајќи и бензодиазепин“, додал тој.






Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ беше пронајдена мртва на 31 јули на возраст од само 25 години.

„Како уметник, пријател, брат и син, Ангус беше посебен за сите нас на толку многу начини… Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека тој сега повторно е со својот татко, кој му беше најдобар пријател. Ангус отворено зборуваше за неговата борба со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт може да биде потсетник за другите дека не се сами и дека со тоа не треба да се борат сами во тишина“, соопшти неговото семејство по неговата смрт.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини