ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА РАСКИНУВАЊЕТО НА ШАКИРА И ПИКЕ Неговите пријатели ѝ дале прекар, бидејќи била непријатна
Пике наводно од Шакира побарал голема сума за да ги инвестира во други бизниси, по што пејачката откако се консултирала со родителите го одбила.
По веста дека пејачката Шакира и фудбалерот Пике раскинале, во јавноста почнаа да излегуваат сѐ повеќе детали од нивниот приватен живот.
Шпекулациите за раскинувањето на Шакира и Жерар Пике продолжуваат, а извор близок до колумбиската ѕвезда сега навести дека финансиските проблеми се виновни за крајот на нивната 12-годишна врска.
Поранешното момче на една од сестрите на пејачката, Роберто Гарсија, за шпанските медиуми изјавил дека проблемите меѓу парот започнале поради парите.
Имено, Пике наводно од Шакира побарал голема сума за да ги инвестира во други бизниси, по што пејачката откако се консултирала со родителите го одбила.
„Колку што знам, меѓу нив двајца има економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира, а нејзиното семејство решило да го одбие. Тие не си ги мешаа парите“, рекол Гарсија, додавајќи, „Шакира инвестираше и во други бизниси. Имала идеја да направи нешто на Бахамите. Таму настанале проблемите“.
Како што открија шпанските медиуми, пријателите на Пике смислиле необичен прекар за неговата партнерка.
„Пријателите на Пике ја нарекуваа Шакира „La Patrona“ (газдарица), бидејќи таа наводно немала многу добар однос кон нив“, рекле. „Таа никогаш не се дружеше премногу со неговите пријатели и со сопругите на другите играчи на Барселона. Тоа им создаде проблем како двојка од самиот почеток“.
Роберто, исто така, тврди дека врската на двојката веќе долго време била „на разнишана земја“ и дека пејачката никогаш немала намера да се омажи за фудбалер.
„Таа врска беше нарушена долго време, но на јавноста ѝ даваа слика дека сѐ е во ред. Шакира се фокусираше на Пике бидејќи ѝ се допаѓаше тој да биде татко на нејзините деца. Знаеше дека никогаш нема да се омажи за него”, рекол тој.
Од друга страна, некои објавија и дека колумбиската пејачка има намера да се пресели во САД.
Шакира и Пике го потврдија раскинувањето на врската со заедничка изјава, која дојде по гласините дека фудбалерот ја изневерил. „El Periodico“ објави дека колумбиската пејачка го уловила фудбалерот во кревет со друга жена и дека не сакала да помине преку тоа, поради што и се разделиле. Пике оттогаш се поврзува со бројни девојки, а наводно веќе влегол во нова љубовна врска.
Шакира и Пике во долгогодишната врска добија две деца – синовите Милан и Саша.
ФОТО: Инстаграм