ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА БАКТЕРИЈА ВО СВЕТОТ Се гледа со голо око, а дури сега ја откриле (ВИДЕО)
Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан шпекулира дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација - за да не ја јадат помалите организми.
Научниците ја открија најголемата бактерија во светот што може да се види и со голо око. Таа е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрова дрво, објави денеска во списанието „Сајенс“ (Science). За илустрација, истражувачите ја споредуваат со паричка со просечна големина.
– Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега – истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.
Bacteria are almost always microscopic, but this recently discovered mf is the size of a HUMAN EYELASH.
It’s the biggest bacteria ever observed by a colossal margin.
New story for @IFLScience: https://t.co/9xrLH8VWBh pic.twitter.com/9HE1rQho8z
— Tom Hale🐐 (@tommyhale91) June 23, 2022
Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или – „величествен сулфурен бисер“.
Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка.
Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите.
Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан шпекулира дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација – за да не ја јадат помалите организми.