ОТКРИЕНА МИНИ ПЛАНТАЖА СО КАНАБИС Приведен скопјанец, полицијата му најде 41 саксија
При претрес во дом во скопски Аеродром биле пронајдени 41 саксија со канабис, дрога и опрема за одгледување.
Полицијата привела 50-годишен скопјанец откако при претрес во неговиот дом во скопската Општина Аеродром биле пронајдени дрога и насади со канабис. Акцијата ја спровеле полициски службеници од СВР Скопје.
Според информациите од полицијата, лицето В.В. било лишено од слобода на 20 април, а претресот бил извршен по претходно обезбедена судска наредба. Во неговиот дом биле пронајдени 41 саксија со насади од канабис, како и прашкаста материја, марихуана, капсули и опрема за одгледување на растенијата.
Меѓу одземените предмети имало и рефлектори и канти кои се користеле за одгледување на насадите, што укажува дека станува збор за организирано одгледување во домашни услови.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.