Откриена голема измама со испорака на десет милиони заштитни маски во Германија

Компаниите сепак станале жртви на измамници. Тие однапред  платиле околу два милиони евра на сметка на наводна компанија за испорака, но маските не пристигнале.

472

Германското правосудство откри голема измама со неисполнета достава на околу десет милиони  заштитни маски за 15 милиони евра во  Северна Рајна-Вестфалија, соопшти обвинителството во Траунштајн.

Две дистрибутерски компании од Хамбург и Цирих требале да достават маски на властите во најпогодената област во Германија, Северна Рајна-Вестфалија.






Компаниите сепак станале жртви на измамници. Тие однапред  платиле околу два милиони евра на сметка на наводна компанија за испорака, но маските не пристигнале.

Кога измамата била откриена, надлежните од Северна Рајна- Вестфалија веќе имале уплатено сума од 14.7 милиони евра на  дистрибутерските компании, но успеале да ги вратат парите.

Поврзани содржини