ОТКРИЕН НЕОБЈАСНИВ ОБЈЕКТ ВО ГАЛАКСИЈАТА На секои 18 минути испушта многу енергија (ВИДЕО)
Во вселената има и други објекти кои се вклучуваат и исклучуваат, како што се ѕвездите пулсари. Но, според Наташа точното биење на секои 18,18 минути е досега невидена фреквенција. Се претпоставува дека е ѕвезда од типот бело џуџе, но математикте не се сложуваат со ова. Засега, потврдено е дека се работи за природен пулс, што значи не е вештачка фреквенција која би можеле да ја емитуваат вонземјани.
Австралиските научници открија загадочен објект кој се врти во нашата галаксија, Млечниот Пат, за кој велат дека не наликува на ништо што досега го виделе. Објектот, првпат забележан од студент кој работи на својата додипломска теза, ослободува огромна количина на електромагнетна енергија три пати во еден час, односно на секои 18 минути, пишува 24сата.
Овој необичен објект го откри Тајрон О’Доерти, студент на Универзитетот Куртин во Австралија. О’Доерти го открил објектот користејќи телескоп и нова техника што самиот ја развил. Студентот е член на тим од радио-астрономи предводени од астрофизичарката Наташа Харли-Вокер во Меѓународниот центар за истражување на радио астрономијата (ИЦРАР).
Repeating Transient Animation from ICRAR on Vimeo.
Repeating Transient Animation from ICRAR on Vimeo.
На секои 18,18 минути
Циклусот се повторува „на секои 18,18 минути, како да е наштиман“, рече астрофизичарката Наташа Харли-Вокер, која го водеше истражувањето по откривањето на студентот, користејќи го телескопот Murchison Widefield Array во Австралија.
Во вселената има и други објекти кои се вклучуваат и исклучуваат, како што се ѕвездите пулсари. Но, според Наташа точното биење на секои 18,18 минути е досега невидена фреквенција.
Пронаоѓањето на овој објект беше „некако страшно за астрономот (кој го открил)“, рече таа, „бидејќи на небото нема ништо што се однесува така“.
Бела џуџеста пулсирачка ѕвезда, или не?
Истражувачкиот тим сега работи на тоа да разбере што открил. Пребарувајќи наназад низ долгогодишните податоци, научниците успеаја да утврдат неколку факти: објектот е оддалечен околу 4.000 светлосни години од Земјата, неверојатно е светол и има исклучително силно магнетно поле. Но, има уште многу тајни кои треба да се откријат.
Објектот може да биде нешто за кое истражувачите теоретизираа дека може да постои, но тие никогаш не го виделе, па затоа му го дале името „ултра-долгорочен магнетар“. Може да биде и бело џуџе, што всушност е остаток од пропадната ѕвезда.
– И тоа е прилично необично. Знаеме само за една бела џуџеста пулсирачка ѕвезда, но ни малку голема како оваа. Секако, тоа би можело да биде нешто за кое никогаш не ни помислувавме, може да биде сосема нов вид на објект – објасни Харли-Вокер.
Мислевме дека се вонземјани, ама звукот е природен
На прашањето дали овој сигнал би можел да биде од некоја вонземска цивилизација, Наташа ги крева рамениците.
– Бев загрижена дека се вонземјани – признава Наташа, но вели дека тимот успеал да го проучи сигналот и дека се работи за природен феномен.
– Тоа значи дека треба да биде природен процес, ова не е вештачки сигнал – вели таа.
Следниот чекор за научниците е да бараат други такви чудни објекти низ универзумот.
– Повеќе вакви откритија ќе им кажат на астрономите дали ова е редок еднократен настан или цела голема ризница на ѕвезди што никогаш претходно не сме ја забележале – додава Наташа.