ОТКРИЕН ЛИНДАН И ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАР ПРЕД ВЕЛЕС! Загадени се подземните води во голем радиус околу ОХИС

Има апел да не се користат подземните води за наводнување или пиење во сите населби околу ОХИС. Во рамките на Студијата се земаа примероци и од зеленчук одгледан во бавчите што откри дека во него има присуство на ХЦХ - вели професорот Стафилов.

305

Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ – пишува агенцијата Мета.

Според испитувањата, направени со повеќе бушотини и земените проби за потребите на Студијата која се правеше пред да започне чистењето на малата депонија во кругот на ОХИС, се докажало присуството на ХЦХ и други хемикалии во подземните води кои дренираат во Вардар. Како резултат на тоа, вели Стафилов, присутво на линдан е откриено и во реката Вардар пред Велес.






– Има апел да не се користат подземните води за наводнување или пиење во сите населби околу ОХИС. Во рамките на Студијата се земаа примероци и од зеленчук одгледан во бавчите што откри дека во него има присуство на ХЦХ – посочува професорот.

Линданот е канцерогена супстанца, која предизвикува не-Хочкин лимфом, долг временски период не се распаѓа во животната средина, а бидејќи е испарлив, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ-честичките. Долгата изложеност на линдан преку дишење или консумирање контаминирана храна, се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

Поврзани содржини