ОТКРИЕН ЛЕК ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕТО НА МОЗОКОТ Руски „хемиски коктел“ ги подобрува когнитивните функции

Научници од ННСУ во Нижни Новгород развија хемиски коктел кој преку делумно клеточно репрограмирање ја подобрува функцијата на мозокот во староста.

188

Руски научници од Националниот истражувачки државен универзитет Лобачевски (ННСУ) во Нижни Новгород објавија дека откриле „хемиски коктел“ кој има потенцијал да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри неговите функции во староста.

Истражувачите примениле пристап базиран на делумно клеточно репрограмирање, кој овозможува ефект на подмладување на мозокот без ризиците што се поврзани со целосното клеточно репрограмирање, вклучително и можноста за развој на канцер.






„Коктелот“ се состои од две хемиски соединенија – „RepSox“ и транилципромин (TCP). Експериментите се изведени на постари женски глувци, при што научниците забележале значително подобрување на когнитивните функции и намалување на биолошките знаци на стареење во мозокот.

Овој научен пробив отвора пат кон нови терапии за зачувување на менталните способности во староста и потенцијално за лекување или забавување на болести како Алцхајмер и други неуродегенеративни состојби.

Поврзани содржини