ОТКРИЕН ПЛАН ЗА АТЕНТАТ НА ВИКТОР ОРБАН Осомничениот на интернет барал најдобар платен убиец

126

Маж е притворен под сомнение дека планирал убиство по нарачка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, соопшти Националното истражно биро во средата, додавајќи дека е инициран неговиот притвор, објави Дејли њуз Хангари.

Според соопштението, осомничениот се регистрирал на веб-страница што работи на сервер во странство, со цел да најде лице кое би било подготвено да го убие премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, за финансиска награда.






Наводно, во јули 2025 година, тој објавил јавна порака на веб-страницата во која изразил подготвеност да плати во унгарски форинти или во која било друга валута за да најде, како што напишал, „најдобар платен убиец“ кој би го ликвидирал унгарскиот премиер.

Мажот бил идентификуван со помош на антитерористичката единица ТЕК, а по неговото апсење дал целосно признание.

Поврзани содржини