ОТКРИЕН Е НОВ УЛТРА МОЌЕН СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ Содржи 32 мутации, отпорен е на вакцините и се шири со огромна брзина

Тоа што најмногу ги загрижува научниците е фактот дека новата варијанта содржи дури 32 мутации.

2,848

По загрижувачките податоци во Франција, каде што минатата недела беше регистриран нов сој на коронавирусот, сега експертите предупредуваат дека уште поопасна варијанта е регистрирана во Боцвана.

Новиот сој се води под шифрата „B.1.1.529“, а најверојатно ќе биде наречен „ни“ и засега е забележан кај десетина пациенти. Сепак, тоа што најмногу ги загрижува научниците е фактот дека новата варијанта содржи дури 32 мутации.






Многу од овие мутации се врзани за неговата преносливост и отпорност на вакцинита, а има и повеќе промени на „S“ (Spike) протеинот од која било друга претходна верзија.

Помеѓу клучните мутации, дури четири му овозможуваат на вирусот да ги избегне антителата, а една мутација му овозможува да го забрза ширењето.

– Можно е новиот сој да се развил кај луѓе кои имале други инфекции и истовремено биле имунокопромитирани. Таков пример се пациентите кои не знаат дека се инфицирани со ХИВ вирусот, а истовремено се заразуваат со ковид-19 – изјавил професор Франсоа Бал, генетичар од Универзитетот во Лондон.

Вирологот д-р Том Пикок, пак, признава дека комбинацијата на овие мутации е многу опасна.

– Комбинацијата на овие мутации е ужасна. Овој сој има потенцијал да биде полош од сите претходни – вели Пикок.

Единствената надеж на научнциите во моментов е тоа што огромниот број мутации ќе „работат“ против вирусот, односно дека ќе го направат нестабилен и на тој начин ќе го спречат неговото масовно ширење пред да стане премногу опасен.

Поврзани содржини