ОТКРИЕН Е НОВ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ИЗРАЕЛ Предизвикува благи симптоми и не бара посебен третман
Според израелското Министерство за здравство, овој сој сè уште не е познат во светот, а откриен е со ПЦР тестирање на патниците на меѓународниот аеродром Бен Гурион, Тел Авив.
Министерството за здравство на Израел денеска објави дека во земјата се откриени два случаи на зараза со досега непознат сој на коронавирусот.
Новиот сој е комбинација на доминантната омикрон подсој БA.1 и друг подсој БA.2, кој предизвикува благи симптоми, без покачена телесна температура, со болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман.
Според израелското Министерство за здравство, овој сој сè уште не е познат во светот, а откриен е со ПЦР тестирање на патниците на меѓународниот аеродром Бен Гурион, Тел Авив.
Од почетокот на пандемијата во Израел починале 10.401 лице.