Откриен е најопасниот злонамерен софтвер во светот, Европол објави детали
ЕМОТЕТ бил повеќе од злонамерен софтвер. Бил многу опасен бидејќи кибернетичките криминалци можеле да го ангажираат за да инсталира други видови злонамерни софтвери како Тројански коњ и ransomware на компјутерот на жртвата – се наведува во соопштението.
Властие од неколку земји, меѓу кои Холандија, Германија, САД, Велика Британија и Франција, презеле контрола врз најопасниот злонамерен софтвер во светот, објави европската полициска агенција Европол и европското биро за правосудна соработка Евроџаст.
Според организациите, станува збор за ЕМОТЕТ, софтвер кој работи на база на „ботнет“, мрежа на хакирани компјутери која овозможила испраќање на злонамерни пораки од големи размери.
– Силите на редот и правосудните власти од целиот свет го прекинале неделава дејствувањето на една од најважните мрежи во последново столетие – изјавиле Европол и Евроџаст во заедничкото соопштение.
Истрагара ја презела контролата врз инфраструктурата на таа мрежа во рамките на координираната меѓународна акција,, што овозможило нејзино уништување од внатре додаваат од Европол и Евроџаст.
ЕМОТЕТ бил повеќе од злонамерен софтвер. Бил многу опасен бидејќи кибернетичките криминалци можеле да го ангажираат за да инсталира други видови злонамерни софтвери како Тројански коњ и ransomware на компјутерот на жртвата – се наведува во соопштението.
– Со целосно автоматизирана постапка лошиот софтвер ЕМОТЕТ би бил префрлен на компјутерот на жртвата со помош на заразени пораки по пат на емајл- се прецизира во соопштението.
Европол и Евроџаст сметаат дека ЕМОТЕТ е еден од главните елементи на кибернетичкиот криминал во светот, а го користеле и други оператори на злонамерни софтвери како Trickota i Ryoka.
Во минатото кампањите на електронските пораки на ЕМОТЕТ пристигале во форма на сметка, отпремница и информација за ковид-19. Сите електронски пораки содржеле злонамерни ворд документи.