ОТКРИЕН Е КЛАСТЕР „БОМБИ“ Еден по еден даваат искази како ги праќале дојавите во школите

Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

3,582

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој утринава гостуваше во утринската програма на МТВ, даде одговор за тоа до каде е истрагата за лажните пријави за бомби во училиштата.

Тој истакна дека последната кривична пријава е поднесена точно пред една недела, односно на 22.03.2023, против еден малолетник, и нагласи дека навлегле во цела група лица кои учествувале во испраќањето на лажните пријави.






– Со преземање низа активности во рамките на институциите не дозволивме ни во еден момент да се наруши безбедноста на институциите. Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази – рече Спасовски.

Спасовски проговори и за промената на протоколите.

– Протоколите беа променети поради нивната застареност и несоодветствувањето на новите прилики со денешните, наспроти времето кога се донесени. На пример, електронските дојави воопшто не беа опфатени со тие протоколи. Како држава ќе продолжиме интензивно да ја зајакнуваме својата сајбер-безбедност, процес во кој влегуваат сите држави во регионот и пошироко – истакна министерот Спасовски.

Поврзани содржини