ОТКРИЕН Е ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АРАЧИНОВО Полицијата му поднесе кривична пријава
По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело „убиство во обид", соопшти полицијата.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(36) кој во април се обиде да го убие градоначалникот на Арачиново при што рани две лица.
„СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан од 01.04.2024 во с. Арачиново, скопско, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општина Арачиново Р.И. и други лица вработени во општината, додека вршеле увид во градежни работи, од страна на НН лице од автоматско оружје биле испукани повеќе проектили, при што со повреди се здобиле Е.С. (39) и А. А.(22). Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот3, се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму информираат дека вчера е поднесена и кривична пријава до Обвинителството за кривично дело „обид за убиство“
„По целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења, на 16.07.2024 до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против М.А. (36) за сторено кривично дело „убиство во обид”, предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл.19 од К3“, се вели во соопштението.