ОТКАЗИТЕ ВО КОМУНАЛНА ХИГИЕНА БИЛЕ НЕЗАКОНСКИ? Инспекторатот ѝ наложил на директорката да ги поништи отказите
Државниот инспекторат за труд (ДИТ) по поднесената претставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им биле дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесе Инспекциска мерка со која менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што, како што тврдат, тие се спротивни на закон и колективен договор.
ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот.
СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи денеска (25.07.2023) постапувајќи согласно Инспекциската мерка, како и врз основа на поднесените приговори од работниците, да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.
„СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комунална хигиена Скопје треба да ги почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба“, се наведува во соопштението од СУТКОЗ.
ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје.