📽 „ОТКАЖИ СЕ ОД СВОЈОТ ЛАЖЕН БОГ, ПА ЌЕ ДОБИЕШ ЗА ЈАДЕЊЕ!“ Католички свештеник одржа скандалозен говор за мигрантите во Босна

Твојот Бог те остави гладен, жеден, гол и бос, дојде кај мене, сега бараш да ти направам добро. Не е проблем, ќе ти направам добро, но ти пак ќе се клањаш исто, е не може. Откажи се од својот Бог, признај ја верата во вистинскиот Бог и тогаш ќе ти дадеме сè - рече отец Винчетиќ во говорот, кој предизвика реакции на совијалните мрежи па и во парламентот на БиХ.

1,282

Отец Мато Винчетиќ, парохиски викар во Плехан и воен капелан во Винковци, одржа скандалозен говор во фрањевскиот манастир кај Дервента во Босна и Херцеговина, во кој побара од мигрантите кои доаѓаат во овие области да се откажат од својата религија за да добијат храна.

Говорот беше одржан по повод празнувањето на Младата недела на 20 август во парохијата Св. Евангелист Марко во Плехан кај Дервента, каде што се собраа околу 100 верници од различни делови на Босна и Херцеговина и Хрватска, пишува Аваз.






Тој рече дека не можеме да примаме мигранти во нашата куќа, да им дадеме сè, а потоа тие дрско, безобразно и безобѕирно да велат „јас сум муслиман, треба да ми ја дадеш храната што јас сакам да ја јадам“.

– Види, те молам, дошол од земјава гладен, жеден, гол и бос. Твојот Бог те остави гладен, жеден, гол и бос. Дојдовте овде во мојата куќа каде што Бог е Исус Христос, на кого јас му благодарам за сите благодети што ги имаме овде на Запад. Јас му благодарам нему. И сега ти ми кажуваш за твојот Бог, кој те оставил гладен, жеден, гол и бос, дека морам да ја исполнам неговата волја за тебе? Наместо да кажеш, еј, па се гледа кому треба да му благодарам за целото богатство и за напредокот на Западот. Па на Христос и на евангелието – им порача Винчетиќ на насобраните верници.

Тој продолжи и додаде дека за жал во Европската унија нема Бог, нема Христос и нема евангелие, тие се откажале и затоа имаат проблеми, бидејќи мораат да го исполнуваат безобразлукот на оние кои доаѓаат, затоа што е речено дека секој е човек и како човек има право да јаде.

– Добро, не е проблем, ќе му дадеме да јаде, но тој вели дека не можеш да ми даваш свинско, мора да ми дадеш телешко. Видете го тој безобразлук! Ало, не може тоа така! Твојот Бог те остави гладен, жеден, гол и бос, дојде кај мене, сега бараш да ти направам добро.

Не е проблем, ќе ти направам добро, но ти пак ќе се клањаш исто, е не може. Откажи се од својот Бог, признај ја верата во вистинскиот Бог и тогаш ќе ти дадеме сè. Ќе го добиш сè она што и ние го имаме – рече отец Винчетиќ во говорот, чии делови беа објавени на социјалните мрежи.

Тој напарави паралела со мигрантите кои одат на работа во други земји.

– Бев во Германија, не ми падна ни на памет да им кажам на Швабите мора да ме вработите. Ако дојдеш кај мене, ќе седиш кај што ќе ти кажам, ќе спиеш каде што ќе ти кажам, ќе јадеш што ќе ти дадам. Никогаш не би верувал во Бог кој го оставил својот народ гладен, жеден, гол и бос. Таков бог е лажен и не постои. Не би му се поклонувал на таков бог – рече свештеникот.

Неговите зборови предизвикаа огорченост во јавноста и реакции од разни страни.

Видеото го објави Санел Кајан, пратеник во парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, кој рече дека ќе побара објаснување од Католичката црква во Босна и Херцеговина.

– Слушајте ги овие зборови. Слушајте ги овие навреди. Овие понижувања. Слушајте го ова зло! Згрозен сум, како личност, но и како претставник во највисокото законодавно тело на Федерацијата Босна и Херцеговина – изјави Кајан.

Тој рече дека очекуваа реакција од Католичката црква и од надлежните.

Поврзани содржини