ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД ПЛАТИТЕ, ПА БЛОКИРАЈТЕ! Од СДСМ ѝ порачаа на ВМРО-ДПМНЕ дека граѓаните ќе ја казнат нејзината антидржавна политика

СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики, се додава во реакцијата од СДСМ.

472

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и го блокираат Собранието да се откажат од платите и привилегиите, тие не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, повика денеска СДСМ.

„Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и сѐ што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат. Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата.“, с енаведува во реакцијата од СДСМ.






Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира сѐ што е во интерес на надминување полесно на состојбите.

„Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори. СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики“, се додава во реакцијата од СДСМ.

Поврзани содржини