ОТКАЖАНИ ИЛЈАДНИЦИ ЛЕТОВИ ВО САД Леденото невреме предизвика хаос во авиосообраќајот

Најмногу прекини има на аеродромите во западниот дел на САД, но и на некои аеродроми на југот.

112

Илјадници летови беа одложени или откажани денеска поради студен бран, температури под нулата и снег кои зафатија голем дел од САД.

До 14 часот доцнеле 5.067 летови до или од САД, а откажани се 2.154, соопшти агенцијата за следење на летови Флајт-Авер.






Најмногу прекини има на аеродромите во западниот дел на САД, но и на некои аеродроми на југот.

Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер 25% од летовите биле одложени, а 17% откажани.

На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27% од летовите биле одложени, а 15% откажани.

Во Тенеси, на меѓународниот аеродром во Нешвил, 23% од летовите биле одложени, а 30% откажани.

Во Тексас, на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт 34% од летовите биле одложени и 13% откажани, додека 25% од летовите биле одложени и 20% откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.

На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Хер 29% од летовите биле одложени, а 11% откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17% од летовите биле одложени, а 29% откажани.

Во Њујорк, на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара, 13%од летовите биле одложени, а 21% откажани.

На аеродромот ЛаГвардија во Њујорк доцнеле 19% од летовите, а 3% се откажани.

Во Вашингтон, на националниот аеродром Реган, 38% од летовите биле одложени, додека 10%о биле откажани.

На меѓународниот аеродром Вашингтон Далс 29% од летовите биле одложени, а три отсто откажани.

Поврзани содржини