Отказ за советникот на екс министерот Чулев кој нападна колега во Тетово

Ѓорѓиевски на денот на парламентарните избори (15.07.2020) во Тетово  прво вербално, а потоа и физички се обиде л да го нападна З.Т. командир на сообраќајната полиција во овој град кој со уште еден полицаец бил на увид на сообраќајна незгода.

703

Државниот советник за полициски и криминалистички работи на поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓевски доби отказ.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Ѓорѓиевски отказот го добил  по спроведената дисциплинска постапка во која е утврдено дека се однесувал  насилно и недолично на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи.






„Тој спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник“ , се наведува во соопштението.

Ѓорѓиевски на денот на парламентарните избори (15.07.2020) во Тетово  прво вербално, а потоа и физички се обидел да го нападна З.Т. командир на сообраќајната полиција во овој град кој со уште еден полицаец бил на увид на сообраќајна незгода.

Во врска со настанот постапувал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кој поднел и кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

 

Поврзани содржини