Откако стави во изолација десетина лекари и сестри, родилката си замина и од Инфективна
Пациентката барала да замине на домашно лекување бидејќи имала поблаги симптоми.
Откако стави во изолација десетина лекари и сестри во две болници, родилката која при приемот на Клиниката за гинекологија во саботата не пријавила контакт со заразени со ковид-19, нејзиниот свекор, по што ја напуштила установата, таа денеска, како што објави Телма, си замина и од Инфективната клиника.
Таму родилката била префрлена по породувањето во приватната болница „Ремедика“
– Попладнево потпишала изјава и си заминала од инфективната клиника. Сега надлежниот инспектор за случајот чека Инфективната клиника да ни достави податоци за пациентката за да и доставиме решение за домашно лекување и за изолација на лице позитивно на ковид-19 – изјави за Телма директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова Бухова.
Пациентката барала да замине на домашно лекување бидејќи имала поблаги симптоми.
На денешната прес конференција Бухова соопшти дека во тек се постапки за завршување на надзорот и дека е утврдено како родилката не кажала на ГАК дека имала контакт со заболен.
Во меѓувреме се огласил и свекорот на оваа пациентка, кој за Телма телефонски изјавил дека снаата не знаела дека тој е позитивен кога отишла во болница, а дека самиот тој го дознал резултатот утредента, на 7 јуни.
Свекорот работи како просветен инспектор.