ОТКАКО ЗАРАБОТИ НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ЕДНА ВЕЧЕР Бака Прасе им подарува на фановите БМВ од 30.000 евра!

Српскиот јутјуб Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна по долго време се врати на социјалните мрежи, а сега ги изненади своите фанови со нова објава.

874

Српскиот јутјуб Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, неодамна по долго време се врати на социјалните мрежи, а сега ги изненади своите фанови со нова објава.

Тој наведе дека на еден од своите најверни обожаватели ќе му подари автомобил вреден 30.000 евра!






Бака Прасе пред неколку дена се пофали дека за една вечер заработил дури 4.000 евра од донации од обожаватели, па сега решил на овој начин да им се оддолжи.

Како што наведе јутјуберот во својата објава на својата инстаграм-приказна, подарува сосема нов автомобил од 30.000 евра, марка „БМВ“, а покрај ова, на фановите им понуди уште еден, нешто поевтин, вреден 25.000 евра, а тие треба да изберат каков.

„Сакам да ви подарам нов автомобил, BMW 1 2021-22 во пакетот М. Автомобилот би бил под гаранција, помал мотор и поевтин за одржување, па кој и да го освои, ќе може да си дозволи да го вози и нема да мора веднаш да го продаде. Не сакам да подарувам половни автомобили, бидејќи знам колкава е инвестицијата, колку е автомобилот е оштетен, удрен, вратена километража“, напиша Богдан.

ФОТО: Инстаграм

 

 

 

 

Поврзани содржини